Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Со економска дипломатија до повеќе инвестиции и проширување на бизнисот во странство

Дипломатите да се фокусираат на економијата. Амбасадорите и другите претставници во странство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дипломатите да се фокусираат на економијата. Амбасадорите и другите претставници во странство можат и тоа како да бидат поддршка на домашните компании. Целта на реформираното Министерство за надворешни работи и надворешна трговија е да се олесни експанзијата на бизнисот во странство, да се идентификуваат деловните можности во други земји, со цел да се подобри конкурентноста на стопанството и да се креираат нови работни места.

Дипломатите треба да ја промовираат македонската економија пред потенцијалните странски инвеститори. Вложувањата во инфраструктура и тоа како треба да ги анимираат странските фирми да ја прошират својата дејност во Македонија.

Современата дипломатија одамна ги надминала само политичките активности.  Европратеникот Карло Реслер вели дека Владите преку дипломатите треба да креираат можности за развој мора да ги намалат бариерите во трговијата.

Реклама

За еден дипломат да биде успешен на полето на економијата треба да поседува знаење за економските прилики, менталитетот и можностите за развој. За бизнис дипломатијата се дебатираше на Меѓународна конференција која се одржа во МНР во организација на Паневропската Унија на Македонија.