Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Со донација од Амбасадата на Кина Кратово ќе добие нов кошаркарски терен

Градоначалникот на Општина Кратово, Тодорче Николовски, денеска потпиша меморандум за соработка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Кратово, Тодорче Николовски, денеска потпиша меморандум за соработка со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија.

– Како резултат на добрите пријателски односи на Општина Кратово со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија, денеска во просториите на Амбасадата во Скопје, заедно со нејзината екселенција, амбасадорката Џианг Сјаојан, беше потпишан Меморандум за соработка.

Со овој меморандум, Амбасадата на Народна Република Кина донира финансиски средства во износ од 630.000 денари, наменети за изградба на кошаркарско игралиште, информираат од Општина Кратово.

Реклама

Посочија дека средствата ќе бидат искористени за изградба на кошаркарско игралиште на месноста Мусала и истото ќе може да го користат сите жители како ново спортско-рекреативно катче.