Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Со детска прослава официјално започна „Културно лето на Чаир 2026“

По повод 1 јуни – Меѓународниот ден на децата, Општина Чаир официјално ја отвори манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, која во текот на јуни ќе понуди низа културни, уметнички и едукативни активности за граѓаните, соопштија вечерва од локалната самоуправа. – Отворањето беше одбележано со дефиле на стотици ученици од основните училишта во Чаир, облечени […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 1 јуни – Меѓународниот ден на децата, Општина Чаир официјално ја отвори манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, која во текот на јуни ќе понуди низа културни, уметнички и едукативни активности за граѓаните, соопштија вечерва од локалната самоуправа.

– Отворањето беше одбележано со дефиле на стотици ученици од основните училишта во Чаир, облечени во народни носии, кои продефилираа низ Старата чаршија до Плоштадот Скендербег, создавајќи празнична атмосфера исполнета со бои и радост во срцето на градот. Уметничката програма што следуваше им понуди на присутните – ора, песни и различни културни настапи од основните училишта и културно-уметничките друштва, претставувајќи ги талентот, креативноста и потенцијалот на младите генерации – пишува во соопштението.

Се додава и дека на овој посебен ден посветен на децата, Чаир се претворил во отворена сцена на која биле промовирани културата, традицијата и вредностите што ја градат нашата заедница.

Реклама

Од Општината истакнаа и дека „Деновите на децата“ продолжуваат и во наредните два дена со бројни културни, уметнички и едукативни активности во рамките на програмата на „Културно лето на Чаир 2026“.