Шеесет годишен скопјанец е последната жртва од неодговорното возење во Скопје. Според последните инфромации, синоќа пред 21 часот, 40 годишна жена од Скопје, управувајќи го својот мерцедес, удрила во пешакот.Смртта ја констатирал лекар од брза помош. Безбеден град е системот кој се очекува да го реши проблемот со брзото возење, посебно со проблемот на сообрајќајки со смртни последици од неприлагодената брзина.Според информациите од МВР бројот на жртвите во Македонија е најголем споредено со европскиот просек.
Бројот на жртви и сообрајќајни незгоди се потврдува и од податоците од Државниот завод за статистика.
„Во 2021 година се случиле 4.069, следната година се намалил за 117, но од 2023 година бројката повторно расте. Таа година се случиле 4.274, а во 2024 се случиле 4.526 незгоди“ велат од ДЗС.

Според информациите од статистика, загрижува бројот на загинати од тешки незгоди. Во 2021 загинале 116 лица, а потоа секоја година има се повеќе загинати, за кулминицајата да се достигне во 2024 година со 142 жртви. Најголем број од загинатите во 2024 година се возачи, 85, 33 биле патници, а дури 24 пешаци.
Според информациите од МВР, се очекува до средината на годинава цела држава да биде покриена со системот „безбеден град“, а законските измени се очекува да се донесат до крајот на месецов, за неговата примена во Скопје да почне од 1 февруари. А, со тоа и значително да се намалат поразителните бројки на загинати и повредени во сообрајќајни несреќи.
„Јас сум исклучително задоволен што во месец декември немаме загинати како резултат на тешка телесна повреда како резултат на сообрајчајна незгода во Скопје. Сопредено со 2024 имало пет. Нула и пет е стварно голема разлика. Ние сме решени со овој процес да одиме до крај,а потоа да го прошириме и во другите средини, другите градови каде што соодветно на физбилити студијата има проценка дека е потребно. Така што до овој момент нема промена на активната примена на безбеден град, а тоа останува да биде први февруари 2026 година„ – изјави премиерот.
И покрај најавата дека казните ќе започнат од 1 јануари 2026, Министерството ја пролонгираше целосната примена за 1 февруари 2026, поради технички доработки и усогласувања, при што во првата фаза системот ќе работи на територија на Скопје, Тетово и Куманово, како и долж коридорите 8 и 10.
Министерот Тошковски изјави дека проектот „Безбеден град“, заедно со неговото одржување од 2008 година, кога се поставени првите камери, до 2025 година, го чинел државниот буџет околу 85 милиони евра. Тој посочи и дека оваа сума, распределена во период од 14 години, колку што постои системот, претставува приближно една петина од годишните трошоци што државата ги има како последица од сообраќајни незгоди.
