Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Со албански знамиња и транспаренти „Не го чепкајте албанскиот јазик“, граѓани бараа правосудниот испит да се полага и на албански

Албански и американски знамиња и транспаренти во рацете, но без македонското знаме,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албански и американски знамиња и транспаренти во рацете, но без македонското знаме, го обележаа денешниот протест на студентите од албанската заедница. Околу 500 луѓе маршираа од плоштадот „Карпошово востание“, преку Камениот мост и плоштадот Македонија, па се до Министерството за правда, каде одржаа говори само на албански. Тие побараа да им биде дозволено да го полагаат правосудниот испит на албански јазик. Се слушаа извици за оставка на министерот за правда, Филков.  

Од пред правда, еден од студентите даде изјава на македонски јазик, во која ги повтори барањата на колегите.

Нашето барање е да биде правосудниот испит на албански јазик. Да се почитува законите и уставот на Македонија, за да не се зголемат протестите. 01:00 Ние бараме од минситерот да ги почитува законите и  уставот  на Македонија. 01:16 Државен јазик во Македонија е македонскиот и сите јазици каде има 20%, тука е и албанскиот јазик“, изјави Илор Рустеими студент на Правен на Југоисточна Европа

Реклама

Протестот доаѓа по јавното обраќање на Али Ахмети, кој предупреди дека секое навлегување во прашањето на јазикот може да ја доведе во прашање стабилноста на државата. Иако од опозициската партија се оградија дека стојат зад протестот, на истиот присуствуваше поранешниот министер за образование во владата на ДУИ Арбер Адеми. Тој рече дека дошол како професор и загрижен граѓанин.

„Денеска имаше претставници од повеќе политички партии, јас лично тука сум во својство на професор затоа што имаме и морална обврска кон студентите кои ги учиме за право и правда“, изјави Абер Адеми поранешен министер за образование.

Од Министерството за правда порачаа дека дека законите предвидуваат услов за активно познавање на македонскиот јазик и дека станува збор за стручен испит, а не управна постапка. Оттаму објаснија дека правосудниот испит претставува клучен предуслов за влез во судството, јавното обвинителство, адвокатурата.

Премиерот Мицкоски претходно повика на изнаоѓање решение и побара протестите да не се инструментализираат, објаснувајќи дека зад нив стои една политичка опозициона партија. Тој потсети дека Законот за употреба на јазиците, донесен од претходната влада, е оспорен пред Уставниот суд, особено делот што се однесува на правосудството. Премиерот посочи дека за тој закон постои и негативно мислење од Венециската комисија, која препорачува напуштање на двојазичноста во правосудството поради предизвиците поврзани со владеењето на правото.