Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Со 100 нови возила и набавка на нов софтвер „Mакедонска пошта“ од отпишана институција ќе стане најмодерна во регионот

Сто нови возила – нов старт за Пошта. Инвестиција од два милиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сто нови возила – нов старт за Пошта. Инвестиција од два милиони евра, со јасна цел – побрза испорака, помалку доцнења и модернизација на систем што со години тапкаше во место. Владата го отвора процесот на обновување на институцијата која треба да биде директен сервис на граѓаните – од најголемиот град до најмалото село. Премиерот порачува – ова не е само набавка, туку почетокот на изгрдбата на еден систем кој ќе ја претвори Поштата, во сервис кој им е неопходен на граѓаните. Од застарен возен парк со просечна старост од 15 години – кон систем кој треба да испорачува брзо, сигурно и без застои.

Во рамки на Планот за раст работиме на конкретни мерки со кои ќе ја зголемиме конкурентноста на нашата пошта.Нашата цел е јасна: да создадеме современа, ефикасна и одржлива институција.Предвидуваме подобрување на ефикасноста во испораката на услугите и намалување на трошоците за најмалку петнаесет проценти.Истовремено работиме на подобрување на индикаторите за профитабилност, исто така за околу петнаесет проценти.Тоа значи подобро управување, подобра организација и подобри резултати, рече Христијан Мицкоски.

Планот е јасен , велат од Владата – нова опрема,  намалување на трошоците и враќање на довербата кај граѓаните и бизнисите.  Следниот чекор, посочуваат, се конкретни алатки за ефикасност.

Реклама

Вицепремиерот и министер за транспорт потенцира дека ова е само почеток на поширока трансформација – со нов софтвер и современа сортирка која треба да ја позиционира Пошта како најмодерна во регионот. Освен ова, вели министерот, акцент се става и на економичноста, односно набавката е реализирана со значителна заштеда од околу 400 илјади евра, со просечна цена по возило пониска од пазарната.

Она што сум особено горд е што од проценета вредност од сто триесет милиони денари без данок на додадена вредност, на електронска аукција цената се намали за цели дваесет и пет милиони денари, што значи дека заштедивме некаде над четиристотини илјади евра само при оваа јавна набавка.Финалната цена е сто и четири милиони денари без ДДВ, што прави да ова е најевтина набавка на овој тип на возила реализирани во државата. Некаде просечно доаѓа околу петнаесет, шеснаесет илјади евра по возило, што е далеку, далеку најевтино од она што може да се најде на пазарот, посочи Александар Николоски.

А на терен – најголемиот проблем досега бил токму транспортот. Директорот на Пошта вели – системот веќе почнал да се стабилизира, а новите возила треба да го забрзаат процесот на испорака и да ја олеснат работата на вработените. Во наредниот период, фокусот останува на намалување на администрацијата, зголемување на ефикасноста и дигитализација на услугите.

Со оваа поддршка денес значително ја подобруваме поштенската инфраструктура, олеснувајќи го извршувањето на поштенските услуги побрзо и поефикасно. Нашата посветеност и капиталните инвестиции нема да изостанат.Ние стоиме зад нашите програмски ветувања. За модернизација на пошта преку подобрување на поштенската инфраструктура, обновување на кадрот и подобрување на условите за работа, подвлече Куртиши.

Од 100те возила, 90 се пик-апи, а 10 поголеми возила комбиња. Малите возила  се со носивост од 750 килограми, додека големите се со носивост од 1 800 килограми.