Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Сметководителите се жалат на неостварливите рокови за поднесување на завршните сметки

Сметководителите на крај со трпението. Бараат Министерството за економија да ја преиспита…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сметководителите на крај со трпението. Бараат Министерството за економија да ја преиспита одлуката да не ги продолжува крајните рокови за поднесување на финансиските извештаи и завршните сметки. Обвинуваат дека Владата ја уништува единствената професија која ги поврзува стопанството и надлежните институции. Сметаат дека Владата намерно не ги поместува роковите, за да не се пролонгира и плаќањето на давачките.

„Имајќи предвид дека Министерството за финансии не е надлежно за Законот за трговски друштва во кој се бараат измените, според економската логика не може да не се прашаме дали за ова Министерство полнењето на Буџетот е приоритет наспроти зачувувањето на здравјето и дигнитетот на сметководителите, но и на сите претпријатија за обезбедување точни и квалитетни финансиски извештаи“-велиАлександра Андреева – Комора на сметководители при Сојуз на стопански комори

Сметководителите се жалат дека поради тоа што неуморно и макотрпно работат скоро една година за навреме да ги подготват сите документи за аплицирање  за владините мерки, ова одбивање дополнително ќе ги дотолчи. Обвинуваат дека обврската сите финансиски извештаи и завршни сметки да се поднесат во крајно неостварливи рокови, ќе придонесе за неточни податоци и огромни трошоци и глоби за компаниите.

Реклама

„Ќе има крајни неквалитетни и неточни податоци. Оие што нема да ги поднесат ќе имаат штети врз сметководителите и фирмите.Има зголемени тарифи во централен регистар и ревизорски извештај до 2 илјади евра“-рече Александра Андреева – Комора на сметководители при Сојуз на стопански комори.

Од министерството за економија, пак,  велат дека се работи за заедничка одлука на повеќе институции кои решиле да ги задржат предвидените рокови.

„Во консултација со надлежните институции, Централен регистар и Министерство за финансии донесена е заедничка одлука да се почитуваат роковите согласно Законот за трговски друштва“

Сметководителите побараа рокот за поднесување хартиени годишни сметки да биде до 30-ти април, а за електронски до 15-ти мај, односно побараа пролонгирање на роковите за два месеци, потег што годинава ќе биде пракса во повеќе развиени западноевропски држави. Засега не најавуваат порадикални чекори, но велат се ќе зависи од пдговорот на институциите.

Тања Попова