Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Случајот со затвореникот од Тетово ја отсликува катастрофалната состојба со затворите во земјава

Да не беше трагично, ќе беше комично. Така и со осуденикот кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да не беше трагично, ќе беше комично. Така и со осуденикот кој со ампутирана нога се пријавил ден порано во тетовскиот затвор и затоа не го примиле туку му рекле дојди утре.

Ова е сликата на трулиот затворски ситем во Македонија, коментираат дел од кривичарите запрепастени од неодговорното однесување на одговорните за затворот во Тетово со 41- но годишниот Дарко Марковски кој го чува полиција во Градската болница додека тој веќе месец и половина не знае дали има решение за прекин на затворската казна.

Адвокатот Сашко Дуковски вели дека затворот има одговорност за правата и престојот на својот штитеник. Во овој случај тие само го посоветувале самиот да лута по институции откако не го примиле со образложение дека се вратил ден порано, коментира Дуковски.

Реклама

Откако затворот на 24 април не го примил Марковски, тој се вратил дома. Добил инфекција на ампутираната нога, па завршил во Градската болница во Скопје. Месец ипол како што раскажува ниту полиција, ниту некој од затворот го побарал. Слободен бил и да излегува надвор од болницата, се до Жена парк.

Според неговото сведочење полицајци го чуваат од пред неколку дена, а е изненаден бидејќи на врата во затворот како што тврди му рекле оди или дома или во болница, не треба да ти даваме документ, никој нема да те бара.

Осуденикот Марковски е на издржување 7 години и 8 месеци за разбојништво и кражба. После шест години лежење во Идризово, тој пријавува корупција и закани од командирите, па од безбедносни причини е префрлен во Тетово. Таму му се влошува здравствената состојба.

Алфа испрати прашања до Управата за извршување на санкции дали се запознаени со случајот на Марковски, но не добивме никаков одговор. Од затворот во Тетово пак се децидни дека постапиле согласно закон со тоа што не го примиле ден порано од рокот, и го посоветувале самиот да се обрати до судија за извршување на санкции за да му се продолжи прекинот за затворската казна. Засега не е јасно каков статус има затвореникот кој завчера преживеа уште една операција по инфекциите на ампутираната нога.