Реклама

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Македонија

Случајот „Онкологија“: вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошките пациенти е во согласност со европските протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците

Обвинителството ги оспори заклучоците на вештакот на одбраната Владимир Даниловски за терапијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството ги оспори заклучоците на вештакот на одбраната Владимир Даниловски за терапијата на онколошките пациенти на денешното вкрстено испрашување во Основниот кривичен суд во Скопје, каде што продолжи судењето за случајот „Онкологија“.

На судењето, кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, Обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени во согласност со европските протоколи и се во насока на тоа да се види стручноста на ова вешто лице. 

Вештакот на најголем дел од прашањата нагласуваше дека тоа е онколошко прашање и дека останува на она што го дал како мислење и на она што во одговорот го појаснил. 

Реклама

Даниловски за конкретен пациент рече дека со дадената терапија и контролата, преживувањето било 38 месеци, а за таква состојба на пациенти просечното преживување со модерна системска терапија е 16 до 24 месеци. 

На прашањето дали ви е познато каде во светот во последните 30 години се користеле цитостатици во третман на канцер на црниот дроб, вештакот одговори: не, не ми е познато. 

Прашан дали му е позната токсичноста на комбинираната терапија, вештакот рече дека доколку има несакани ефекти, тие треба да се докажаат, дали со токсични анализи и лабораториски параметри или оштетени органи, нагласувајќи дека „секој лек има несакани ефекти, не само онколошките лекови“. 

Обвинителството бараше вештото лице да образложи врз основа на кои официјални протоколи го темели своето давање заклучоци за конкретната употребрна терапија дека е правилна. 

– Ова вешто лице, ако го видите неговото излагање, дава заклучоци, меѓутоа не се произнесува од каде го извлекува заклучокот и сметам дека ова е многу битно да го одговори – појасни обвинителката. 

Прашан како го коментира давањето конкретна онколошка терапија, вештакот Даниловски рече „тоа најдобро може да го одговори конкретниот онколог, кој имал директен увид во здравствената состојба на пациентот“. 

– Тоа е мое лично согледување и го базирам на мојата долгогодишна лекарска пракса во регионален центар за хронична хемодијализа во Гостивар – изјави Даниловски. 

Адвокатот Боби Спирковски, бранител на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, во изјава за медиумите реагира дека вештото лице од областа на судската медицина е повикано да одговори на клучното прашање за кривичната одговорност во случајот „Онкологија“ – дали дадената терапија ја влошила состојбата на пациентите или предизвикала нивна предвремена смрт, а не да се води стручна дебата за изборот на лекови. 
​
Според Спирковски, прашањата за тоа кој лек требало да се даде се прашања за медицински конгреси, а не за утврдување кривична одговорност во судска сала. 

– Вештото лице од судска медицина одговара за сите пациенти на клучното прашање: дали дадената терапија ја влошила состојбата на пациентот или ја забрзала неговата смрт? Тоа е специјалноста на судската медицина. Кривично се одговара ако лекот што сте го дале му причинил штета на пациентот, му ја влошил состојбата или предизвикал смрт. Ако за тоа нема докази и причинско-последична врска, тогаш ваквите прашања тотално не одговараат на суштината на спорот. Овде утврдуваме кривична одговорност, а не сме на конгрес – изјави Спирковски. 

Тој исто така го оспори учеството на доктор Милан Ристовски како технички советник на Обвинителство обвинувајќи дека лице што веќе поднело кривична пријава во полиција против колегите не може суштински да биде објективен советник во постапката.  

Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО – Скопје. 

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина и судот ја осуди на две години условна казна затвор.   

Обвинението ги товари лекарите за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај вкупно 47 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба.