За само еден месец, речиси дуплиран бројот на пријави за смејно наисилство. По се изгледа случајот со Ивана и нејиното дете, охрабри многу жени да пријавуваат, но и институциите да реагираат. Ако лани за еден месец просечно биле пријавувани по околу 100 случаи за семејно насилство, годинава само во текот на месец март жените пријавиле дури 224 насилници. Ова е показател дека по бранот протести и јавни реакции, жените како се повеќе да решаваат да го заменат стравот со храброст и да немаат место за толеранција на насилниците.
„Во текот на март 2026 година, заклучно со 31.03.2026 година регистрирани се вкупно 224 кривични дела од семејно насилство, од кои најголем дел се однесуваат за „телесна повреда при семејно насилство“-139 и „загрозување на сигурноста“-74 кривични дела, а од потешките кривични дела извршени се по едно убиство на подрачје на СВР Велес-село Росоман и убиство во обид на подрачје на СВР Скопје.“- велат од МВР.
Дополнително, алармантните бројки покажуваат дека само за една недела во месец Април биле пријавени дури 38 случаи на семејно насилство низ цела Македонија. Жените биле нападнати, навредувани или пак им се заканувале нивните сопрузи, дечковци или синови. Најбројни, дури 13 се случиле во Скопје.

Во Прилеп, 72- годишна мајка го пријавила својот син бидејќи физички ја нападнал. Во Штип пак, по долго толерирање на психичко и физичко малтретирање на себе и на своите деца, сопругата го пријавила својот маж. Во Скопје, пак, дома кршел, а потоа и се заканувал со остар предмет на својата жена, а децата се исекле кога пробале да му го земат од рака.
„На 08.04.2026 во 14:50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.К.(49) од Прилеп затоа што во 14:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 72-годишна мајка.“
„На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека на 10.04.2026 околу 22:00 часот во семејниот физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга. Според пријавеното, тој подолг период вршел физичко и психичко насилство во домот и физички ги напаѓал неговата сопруга и малолетните деца.“
„На 13.04.2026 во 00:40 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје, поради тоа што на 12.04.2026 во домот физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга, искршил дел од покуќнината, а потоа и со остри предмети упатувал закани. Потоа, според пријавеното, неговите ќерка и син при обид да му ги земат острите предмети се здобиле со расекотини.“- објавуваат од МВР.
Лани биле регистрирани вкупно 1.195 кривични дела за семејно насилство, а од жртвите, 1.033 се жени, односно сопруги. Регистрирани се и 5.436 поплаки за семејно насилство, за кое се пријавени 5.551 жртви од кои 3.567 се жени.
