Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Следната недела нов повик за општините за инфраструктурни проекти

Втора тура пари за општините за инфраструктура. Во вторник на следната владина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втора тура пари за општините за инфраструктура. Во вторник на следната владина седница ќе се донесе одлука за распишување на нов јавен повик за локалните власти да конкурираат со проекти. За да нема поголеми проблеми и повторно да не се пролонгира крајниот рок поради нецелосна документација како одобрение за градба, нефиниширан проект и слично, овојпат периодот во кој ќе може да се аплицира ќе биде подолг, односно до крајот на април.

„Јас сум исклучително среќен и задоволен за сето она кое што претставувало претходно проблем за граѓаните, сега се надминува, се решава преку овие средства кои се реалоцирани од буџетот. Се градат улици, се градат патишта, булевари, се градат градинки, училишта, сали, практично капитални инвестиции коишто ќе го подобрат квалитетот на живот на нашите сограѓани“ – рече Мицкоски.

Мицкоски денеска изврши увид во градежните работи на патот Катланово – Градманци во должина од 2,4 километри кој чини 198 илјади евра, како и доизградба на капацитет на градинка која треба да згрижи 70 деца во општина Петровец. Градоначалникот ги реализира овие проекти со пари од унгарскиот кредит од првиот повик на Владата. Оваа општина најавува дека и овојпат ќе аплизира со бројни проекти во вредност од 1,3 милиони евра.

Реклама

Премиерот уверува дека активно се работи на инфраструктурно поврзување со соседите. Со Косово заеднички ќе се работи на патот Тетово – Призрен на кој треба да има тунел и треба да биде готов за 5 години. Активно се работи и да се продолжи со реализација на делницата Скопје – Блаце, за која Владата најде бројни нерегуларности, особено од страна на ДУИ како дел од претходната Влада.

Во завршна фаза е и проектот за искористување на половина од унгарските пари, кои треба преку банките да завршат кај компаниите кои ќе ги искористат за иден развој. Сите преостанати процедури ќе поминат на владина седница во вторник, по што овие пари ќе станат оперативни за бизнис секторот. Со измени се овозможи што повеќе фирми да ги искористат парите, особено во делот за изградба на енергетски објекти од обновливи извори, како мали хидроцентрали, фотоволтаици и слично.