Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Скринингот спасува животи: ракот на дебелото црево сè почесто се открива навреме

Карциномот на дебелото црево, ако се открие навреме, може да се спречи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Карциномот на дебелото црево, ако се открие навреме, може да се спречи, успешно да се лекува и целосно да се победи. Дигестивните хирурзи велат дека скирингот е златна дијагностика за рано откривање на рак дигестивниот тракт. Добрата вест што ја споделија елакрите, е што се помалку пациенти доаѓаат на лекар во доцна фаза на болеста. Тоа директно значи поголеми шанси за излекување и подобар и квалитетен живот.

Македонија во последниве години прави сериозни исчекори. Ако пред десет години околу 75 проценти од пациентите беа во трет или четврт стадиум, денес сме сведоци дека пациентите ги откриваме многу порано. Точната бројка не можам да ја кажам, меѓутоа ако се зголемува бројот на лапароскопски или минимално инвазивни интервенции, кои секогаш се поврзани со низок стадиум на болеста.“ – вели проф. д-р Светозар Антовиќ, дигестивен хирург и декан на Медицинскиот факултет во Скопје.

Ракот на дебелото црево е се почест и на глобално ниво и кај нас. Во Македонија, секоја година се дијагностицираат околу илјада нови случаи.

Реклама

Здравствените власти велат дека се засилуваат програмите за рано откривање. Освен за рак на дебелото црево, се спроведуваат и превентивни прегледи за повеќе други заболувања.

Инаку, денеска во Скопје се одржува 18-тиот Европски конгрес на абдоминални хирурзи. Настанот собира над 40 предавачи и повеќе од 150 учесници од Европа и регионот, со цел размена на најнови знаења и клинички практики во дигестивната хирургија.