Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Скопје можеби ќе добие нов саемски комплекс

Се разгледува можноста за враќање на скопско сајмиште. Потребата  и важноста од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се разгледува можноста за враќање на скопско сајмиште. Потребата  и важноста од изградба на нов саемски комплекс во Скопје, односно враќањето во сопствен објект ќе ја заживее економијата и ќе ја поттикне регионалната трговска соработка.  Враќањето на „Скопски саем“ е од исклучителна важност за скопјани, кои ден – денес ја нагласуваат потребата од ваков простор, кој своевремено беше домаќин на бројни манифестации. Идејата за изградба на објект за саемски активноски била во фокусот на средбата помеѓу директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски со претставници на „Скопски саем“, соопштија од СОЗР.

„Враќањето на „Скопски саем“ во сопствен објект не само што ќе ја оживее економската активност, туку и ќе го зајакне регионалниот и меѓународниот профил на Македонија како важен трговски и деловен центар“, изјавил Ивица Томовски директор на СОЗР

Се разгледува каде би се изградил објектот и се размислува за воведување на иновации со цел новиот саемски простор да биде конкурентен на регионалните и меѓународните пазари.  Според директорката на „Скопски Саем“ од исклучителна важност е Скопје да има место кое ќе создава нови можности, ќе отвора простор за меѓународни соработки и ќе отвори нови работни места.

Реклама

„Саемите претставуваат клучни настани за промоција на македонските производи и услуги, како и за создавање на нови можности за странски инвестиции и соработка. Изградбата на современ саемски комплекс ќе ги отвори вратите за нови можности и ќе создаде услови за зајакнување на економијата“, додаде Глигоровска директорка на „Скопски Саем“

Во текот на своето постоење Скопскиот саем беше домаќин на бројни културни настани, меѓу кои и меѓународни изложби, концерти, саеми на книга, за мебел, за градежништво, модна недела, вински фестивал.  Се одржуваа исклучителни фестивали, концерти на светски звезди како на Боб Дилан, на Крафтверк, Молоко, на нашите маестрални Симон Трпчевски, Тоше Проески. Скопски саем банкротираше,  па беше  затворен во 2017-та година, по што приватна групација го откупи имотот од банките доверители, па некогашниот Саем сега е трговски центар. Саемските манифестации откако скопски Саем беше затворен почнаа да се одржуваат на разни локации, најчесто во Спортскиот центар „Борис Трајкоски “ .