Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Скопје ќе ја добие „Македонија“ – првата подземна сообраќајница

 По 13 години од првиот потпишан договор за изградба на подземната сообраќајница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 По 13 години од првиот потпишан договор за изградба на подземната сообраќајница во Скопје, конечно потпишан и јавната набавка за реализација на првата фаза. Главниот град добива ново сообраќајно решение кое треба да го растовари метежот во централното градско подрачје.

Подземната сообраќајница ќе поминува под станбено-трговскиот комплекс „Лимак“.

Улица ќе биде долга 746 метри и широка 37 метри, ќе има по две сообраќајни ленти во двата правци и две за потребите на јавниот градски превоз. Дополнително, предвидени се и пешачки патеки.

Реклама

Во следната фаза ќе се гради кружен тек кај Нова Македонија  – главната крстосницата која води кон Клиничкиот центар.

„Како дел од новото сообраќајно решение е изградба и на два кружни тека на овој потег кај булевар Кочо Рацин и улица Железничка, што ќе ја намали гужвата и во овој дел од градот.

Градските власти уверуваат дека со подземната сообраќајница скопјани ќе добијат побезбеден и побрз проток, со паметни и современи решенија согласно европските стандарди. Граѓаните се надеваат дека за брзо време ќе се заврши проектот.

Договорот со турската компанија „Лимак“ беше потпишан на 12 март 2012 од тогашниот градоначалникот Коце Трајановски и инвеститорот требаше да ја изгради подземната улица.

Градежните активности почнаа шест години подоцна, во септември 2018. Тунелот е веќе изграден.

 Во кампањата за локалните избори 2021 тогашниот градоначалник Петре Шилегов ги промовираше проектите за кружните текови и тогаш рече дека по завршување на изборите ќе почнат постапките за нивна изградба.  Но ништо од тоа. И за време 4 годишниот мандат на  Данела Арсовска работите не мрднаа од мртва точка.

Орце Ѓорѓиевски  само седум дена по преземањето на градоначалничката функција ја стартува процедурата.

  • По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа! Ова е проект што претставува вистински пресврт за централното градско подрачје, капитална инвестиција што ќе го растовари сообраќајниот метеж и ќе донесе нова динамика во срцето на градот… Ова значи дека сообраќајот ќе се одвива непречено, а центарот на градот ќе се ослободи од гужвите, станувајќи многу покомфорен, побезбеден и поуреден простор за сите“ напиша Ѓорѓиевски.

Проектот почнува со градење од крстосницата кај „Тутунски комбинат“ до влезот на подземната улица, а рокот за доставување понуди е до 15 декември.