Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥 Скандалозните измени на Кривичниот законик на поправка во Владата, Собранието ги чека предлозите

Владата работи на поправање на скандалозните измени на Кривичниот законик со кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата работи на поправање на скандалозните измени на Кривичниот законик со кои се намалија затворските казни за висока корупција и злоупотреба на службената положба.

Собранието ги чека предлозите од Владата откако Уставниот суд ја оспори уставноста на измените кои ги донесоа СДСМ и ДУИ шест месеци пред распишување на парламентарните избори.

Според премиерот, со измените ќе се стави крај крај на она што претходната Влада го направи односно „амнестија за криминалот којашто го изгласа во Парламентот здружно злоупотребувајќи го европското знаме“.

Реклама
  • Да, во процес е, се работи. Станува збор за членот 353, којшто претходната Влада за да го амнестира криминалот којшто го направи додека се богатеше на грбот на граѓаните и купуваше трговски центри – внуци од лидерот на Демократската унија за интеграција, додека сватови купуваа скапи Мајбах автомобили, додека се издаваа дозволи за фабрики за производство на марихуана, додека се купуваа скапи деловни простории во центарот на Скопје, итн, гласаа во Парламентот здружно злоупотребувајќи го европското знаме за да се амнестираат со измените на Кривичниот законик,“ изјави Мицкоски.

Премиерот порача дека актуелната Влада ќе ги врати еврпските вредности затоа што, укажа, додека претходното владејачко краделе и уништувале седум години.

Инаку уставните судии во февруари годинава одлучија да поведат постапка за оценување на уставноста на измените на Кривичниот законик од септември 2023 година кои вклучуваа намалување на казните за функционерите. Како што изјави тогаш претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, Судот изразил сериозен сомнеж за уставноста на оспорениот закон во целина и донел одлука да му наложи на Собранието во рок од шест месеци да ги направи неопходните измени и да се усогласи со аргументите на Судот.

Измените кои ги донесе минатата власт во заминување ги намалија затворските казни за најтешките форми на корупција. Законот се донесе со европско знаменце, во забрзана постапка.