Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Прилози

Скандалот на Онкологија мора се расчисти- ВМРО ДПМНЕ бара анкетната коисија да продолжи со работа

Скандалот „Онкологија“  е повеќе од трагедија и мора да има одговорност за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалот „Онкологија“  е повеќе од трагедија и мора да има одговорност за канцер-мафијата порача претседателката на Анкетната комисија за онкологија Рашела Мизрахи.Таа обвинува дека наместо да има одговорност, мафијата продолжува да си поигрува со животите на луѓето.

„Е, сега имате министер кој што ништо не видел, ништо не слушнал, никаков увид немал над работата на клиниката. Го имаме Фондот за здравствено осигурување каде што директорот исто така е одбран од Владата, значи седат заедно со министерот и тој ништо не приметил. Имате МАЛМЕД така веќе познат во јавноста како Биро за лекови, кои што немале увид и ниедна контрола не направиле на веледрогериите за набавка на медикаменти. Го имате Државниот здравствен и санитарен инспекторат кој што никогаш не видел што се случува на клиниката. За да стигнеме до ваква трагедија“, појасни пратеничката.

Дека случајот „Онкологија“ не е исклучок и дека слични работи веројатно има и во други здравствени институции, предупреди Игор Николов од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Реклама

„Тендерската постапка за биолошка терапија ја спровело МЗ, следливост и начинот на употребата на терапијата требало да ја извршува МЗ и ФЗОМ, активноста на тумор бордовите и стручниот колегиум требало да го следи МЗ и ФЗО, следливоста на потрошувачката на терапијата потребно е да ја следи МЗ и ФЗО, со еден збор дисфункционалниста на овие институции довело до наведената состојба. Идејата на некого да креира “култ кон личност”, која што личност на времето нејзино владеење да се прават стикери за неа, да се посветува внимание и друго, сето тоа резултираше со елиминација на систем туку креирање на чувство дека се зависи од еден човек од една личност“, рече Игор Николов.

На денешната трибина во Виница посветена на скандалот „Диво месо“, а која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ се обратија и други членови од ВМРО ДПМНЕ, каде што сите едногласно укажаа дека вистината мора да се дознае, и дека Анкетката комисија мора да продолжи со работа.

Aња Лукарова