Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Скандал во штипскиот затвор – полицајци му помагале на затвореник да си ја најде дрогата

Полицајци од штипскиот затвор им помагале на двајца затвореници, од кои едниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицајци од штипскиот затвор им помагале на двајца затвореници, од кои едниот добро познат во криминалното подземје да пренесат дрога од надвор. Автомобилот дошол до ѕидот, двајца веќе познати на полицијата, ја фрлиле топката во која имало 35 грама кокаин и 50 грама марихуана, а затворски полицаец се појавил и им рекол да се одалечат наместо да ги завери во дневникот дека дошле до затворската порта, објасни директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. На 20-ти февруари, 20 минути пред 22 часот, затворски полицајци со батериски лампи почнале да бараат наводно топката во дворот заедно со двајцата осуденици.

  • „По наредба на командирот, кој што во тој момент е на смена Т.И. се повикани уште четворица затворски полицајци. Затвореникот и понатаму говори на телефони и бара нешто низ тревникот. Се поздравува со сите тие затворски полицајци, а да не говорам дека тој не смее да има телефон во рака. И, тоа што е најфрапантно, истите тие затворски полицајци со батериски лампи се вклучуваат во барање на нештото. Не наоѓаат што не наоѓаат,“ нагасува Пандов.

Следното утро дрогата била пронајдена и пријавена во штипската полиција. Директорот на штипскиот затвор, веднаш отпочнал дисциплинска постапка за затворските чувари. На 28 март годинава, Комисијата утврдила дека полицајците не се виновни, а тие пак тврделе дека вечерта на 21-ви февруари  барале часовник на затвореникот кој му го земала затворската кучка Цеца.

  • „Кога директорот ги прашува лицата што барале, објаснувањата е дека затвореникот Ж.Ж. си играл со кучката Цеца во затворот и дека имал скап часовник кој што не го пријавил кога е донесен во затворот. Рекол дека кучката му го земала часовникот и побегнала по тревата и лицата му помогнале за да го побараат. По наредба на директорот формирана е Дисциплинска комисија. Одлучено е дека тројца од полицајците иако треба да бидат казнети, но за жал, не пронаоѓаат вина и веруваат дека они го барале часовникот. Тројца членови на Дисциплинската комисија гласале дека не се виновни полицајците“, кажа Пандов и очекува адекватна санкција за сите инволвирани.

Корупцијата во затворите е највисоко ниво рече Пандов и нагласи дека надлежните имаат цврста намера до крај да се борат. Најави дека ќе расчистат со сите корумпирани службеници, кои во некои затвори достигнувале и до 50 проценти. Според Пандов, Финансии им одобриле средства за нови 170 вработувања кои според директорот ќе биде од голема помош.