Скандал на „Aвстралија Oпен“: Организаторите забраниле македонското државно знаме да се снима и емитува
Македонското официјално знаме како и тоа од Кутлеш се забранети на „Австралија…
15.01.2024
Сподели:
Фото: Алфа Вести
Македонското официјално знаме како и тоа од Кутлеш се забранети на „Австралија Опен“, објавуваат групите на македонците во Австралија, но и каналот на австралиската државна телевизија, на македонски јазик. Oбјавуваат дека организаторите на „гренд слемот“ и наложиле на телевизијата „Канал 9“ која ги врши преносите да не покажува неколку знамиња. Станува збор за македонското, државно знаме, грчкото од Вергина, палестинското, белоруското, руското и тоа на Тајван. Ова значи дека доколку македонската учесничка Лина Ѓорчевска влезеше во првото коло, немаше да смее да се сними ниту емитува македонското знаме.