Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Синот кој си го уби таткото во Гостивар сакал да ги прикрие трагите од убиството

Јавното обвинителство денеска соопшти дека синот кој го уби таткото во Гостивар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното обвинителство денеска соопшти дека синот кој го уби таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб. 

– Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција, наведува Обвинителството во денешното соопштение. 

Триесет и тригодишникот започнал семејна расправија со таткото заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што физички го нападнал удирајќи го со рака и тврди метални предмети се додека не му нанел тешки повреди од кои таткото починал.

Реклама

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради ризикот од бегство, како и опасноста да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.