Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Симеонов: За две-три години ќе биде готова Клиничката болница во Штип, ќе има нова опрема и нов медицински факултет и студентски дом

Македонското здравство во изминатата година оди во добар правец и во правилна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското здравство во изминатата година оди во добар правец и во правилна насока, смета Ристо Симеонов, специјалист по детска хирургија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Ова го истакна зборувајќи на трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ која се одржува во Штип на тема „Реформи во здравството – Ги градиме темелите на промените“.

Симеонов посочи дека ова го зборува затоа што многу е битно каков систем ќе наследите од претходно, а ние за жал од претходната власт наследивме нефункционален, не квалитетен здравствен систем, бунар без дно, во слободен пад, а со еден збор тотален хаос.

„И еве, за една година успеавме да одиме чекор напред од матичните доктори, гинеколози, стоматолози преку зголемување на капитацискиот бод. Реконструирани се повеќе од десетина болници и други здравствени институции. Набавена е нова опрема, меѓутоа опрема во функција, не опрема која што стои по ходници и фаќа прашина. Намалени се листите на чекање, пациентите добиваат поквалитетни и побрзи специјалистички и супспецијалистички услуги. Започнат е процесот за вработување на 600 млади доктори специјализанти“, рече Симеонов.

Реклама

Ова значи дека, додаде Симеонов, полека чекориме напред и немаме оправдување за тоа што е оставено претходно, туку едноставно мораме промените да ги направиме час поскоро. Симеонов се осврна и Штип, при што посочи дека за две, три години ќе биде готова Клиничката болница, ќе има нов медицински факултет, нов студентски дом и нова опрема.

„Овде во Штип има активни три до 4000 илјади студенти по медицина. Тоа е голема предност и ние мораме да инвестираме во тие студенти и ад ги насочиме правилно понатаму да добијат специјализација зависно од потребите на здравствениот систем овде во Штип и да останат да работат овде во Штип“, истакна Симеонов.