Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Сиљановска Давкова: Македонска Преспанска трагедија

Професорката Гордана Сиљановска Давкова на својата фејсбук страница напиша статус посветен на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Професорката Гордана Сиљановска Давкова на својата фејсбук страница напиша статус посветен на 17 јуни- денот кога беше потпишан Преспанскиот договор, во кој вели:

 

Македонска Преспанска трагедија

Реклама

17 јуни. „Прослава“ БЕЗ НАРОД! Намуртено небо. Разбранувано, налутено езеро. Чамец со неколкумина свечено облечени ликови, со симнати маски и натокмени наочари. Глумат гордост, евоцираат незаборавни спомени, даваат победнички изјави.

Не знам што слават Заев, Костадинов, Димитров и Мисовски? Веројано СЕБЕСИ, како „историски“ актери-статисти!

Ципрас громогласно ја слави Преспанската победа, а дотераниве дошле да го слават нашиот Преспански пораз.
Заев ја избриша македонската историја, а Ципрас ја запиша како грчка.

Ципрас вели дека „историјата им оддава почит на оние кои ја пишуваат , а не на оние кои се влечат зад неа.

Се разбира, тој е допишувачот на грчката историја, а Заев се влечка зад неа, како бришач на македонската.

Ципрас си го надгради и разубави грчкиот идентитет, а Заев си го осакати и осиромаши македонскиот.

Да, се обиде да го закопа и забетонира македонското минато , а со него и дел од македонскиот идентитет и почна да гради нова северномакедонска историја и северномакедонски идентитет во времето на династијата на Заеви, на чело со Заев Први Преспански!

Ама, ќе остане запишано дека на 15 јули НАРОДОТ што тагува кога ВЛАСТОДРЖЦИТЕ слават се побунил и го урнал режимот на Заев Први Преспански.

https://www.facebook.com/777129052644972/posts/1155709191453621/