Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Сиљановска Давкова за ИПАРД: Строго треба да се санкционира злоупотребата, одговорност мора да има

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска истакна дека ИПАРД фондовите се мошне важни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска истакна дека ИПАРД фондовите се мошне важни за нашата држава, а злоупотребата на овие средтва мора строго да се санкционира и мора да има одговорност.

– ИПАРД фондовите се многу важни. Тоа за нас е еден неверојатно значаен проект. Еве и денеска  со разговорот со градоначалникот зборувавме за користењето на средствата од ИПАРД, колку е тоа важно. И мислам дека европското однесувањето или однесувањето во рамките на владеењето на правото или однесувањето како добри домаќини кон средства коишто ни се дадени на помош е многу, многу важно. Строго треба да се санкционира злоупотребата. Не е првпат да се соочиме на феноменот на злоупотреба. Тоа не е добро. Значи одговорност мора да има, нагласи Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за време на работната посета на Општина Ресен. 

Министерството за финансии вчера соопшти дека преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија, Македонија донела одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Како што беше појаснето, ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Реклама

– За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на Националните структури. Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција, соопшти Министерството за финансии.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно денеска негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој потенцирајќи дека истрагата се продлабочува бидејќи има информации и за претходни злоупотреби на средства. Тој рече дека побарал да се блокира исплатата на парите од ИПАРД, за да се види до каде оделе злоупотребите.