Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Сиљановска-Давкова во посета на Гостивар

На 19-ти мај, Денот на сеќавањето на големиот реформатор и основач на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 19-ти мај, Денот на сеќавањето на големиот реформатор и основач на Турската Република, Кемал Ататурк, како и Денот на младите и спортот, којшто го слават припадниците на турската заедница, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова ги посети OOУ „Мустафа Кемал Ататурк“ и здружението „Адексам“ во Гостивар и оствари средба со жителите на селото Горна Бањица.

Во обраќањето пред присутните, таа истакна дека образованието на мајчин јазик е претпоставка за зачувување на националниот и културниот идентитет и им укажа на учениците и родителите дека нема подобра инвестиција од влогот во знаењето.

Во училиштето, со најмногу ученици од турската заедница и настава на турски, македонски и албански јазик, претседателката беше запознаена со неговиот развој, капацитети и персонал, а потем ја проследи прекрасната приредба, колаж на ора, музички точки, ораториум и рецитирање.

Реклама

За неа, но и за директорот на училиштето, мултикултурниот амбиент е одлична средина за градење соживот.

За успесите и проблемите на турската заедница во земјава, таа разговараше со претставниците на турските здруженија од Гостивар. Тахсин Ибрахим, претседател на здружението „Адексам“ и на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), информираше за нивното повеќедецениско дејствување во областа на културата и образованието.

Посочувајќи ги главните предизвици во основното и средното образование, Ибрахим истакна дека и покрај исполнетите услови во одредени општини нема настава на турски јазик. Во разговорот беше укажано на потребата од доследна примена на начелото на правична и соодветна застапеност на Турците во државните органи и институции.

Претседателката ги охрабри во гласноста на обзнанувањето на проблемите и вети лична заложба во нивното адресирање, обзнанување и надминување.

Во Горна Бањица, Сиљановска-Давкова нагласи дека високо ја цени традиционалната лојалност на жителите од овој крај кон државата и го поздрави придонесот во негувањето на турската култура, на здруженијата „Алтин Пармаклар“ и „Намик Ефенди“.

Присутните изразија незадоволство од експропријацијата на плодното земјоделско земјиште за потребите на изградбата на инфраструктурата со пренизок надомест.