Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ – Охрид

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими основачите на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими основачите на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ – Охрид, Драгана Карашова, Ѓорѓи Љатко, Симеон Карашов и Љиљана Илиевска.

На средбата во вила „Билјана“, еко-активистите ја информираа претседателката за нивните активности во справувањето со отпадот на депонијата „Буково“ и воопшто, со заштитата на животната средина во Охрид и околината. За нив состојбата сѐ уште е загрижувачка, со оглед на фактот дека депонијата честопати се пали, ширејќи чад со канцерогени материи, коишто стигнуваат до околните населби и до Охрид.

Соговорниците разговараа за можното трајно решение, врзано за регионална депонија, како и за потребата од оневозможување на депонирањето на отпадот, преку Законот за комунална полиција.

Реклама

Предмет на разговор, инициран од претседателката, беше и системското пристапување кон решавањето на сериозните еколошки проблеми преку градење еколошка свест и совест низ образовниот процес, од градинките до високото образование, како и низ институциите и соработката со граѓанскиот сектор.

Неспорно за сите беше дека идеја водилка во заштитата на животната средина мора да биде еколошката филозофија дека нашиот здрав живот директно е предодреден од здравјето на природата, па штитејќи ја неа, се штитиме себе си.

Претставниците на „Збогум Буково“ ја охрабрија претседателката да земе активно учество во чекорите насочени кон конечното збогување со оваа, но и другите диви депонии.