Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП

Резолуцијата за Македонија што ја изгласа бугарскиот Парламент е навредлива и со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Резолуцијата за Македонија што ја изгласа бугарскиот Парламент е навредлива и со неа во старт се оневозможува заедничкото чекорење низ дијалог, оцени денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Таа очекува во Европскиот парламент (ЕП) да биде поддржана Резолуцијата која ги гарантира македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Во спротивно, како што истакна, одговорајќи на новинарски прашања, тоа многу лошо ќе зборува за демократскиот капацитет на ЕП.

Сиљановска Давкова се уште не може да прецизира дали на претстојниот Самит на НАТО во Хаг ќе има средба со бугарскиот колега.

Реклама

-Ова е уште една, веќе имало неколку резолуции, меморандуми и сите се повикуваат на нив. Се разбира, навредливо е такво нешто да се направи зашто во стартот го оневозможувате заедничкоот чекорење низ дијалог. Суштината на Преамбулата во Договорот за добрососедство и пријателство е таа, да помагаме. Можете да помогнете некому со разбирање. Мислам дека не е во ред. Се разбира, во друга држава сега би следела иста таква декларација во Парламентот, но мислам дека аргументите што ги изнесуваме, иако многу велат ништо не сме правеле во овој период, јас тврдам дека немало претседател, министер, премиер со кој сум седела, а не сум му ги објаснила нашите позиции ама не низ призма на нашиот Устав, туку низ призма на нивните уставни документи. Ако не се почитуваат тие, тогаш не може ЕУ да биде филозофија оти филозофија, што би рекол господинот Макрон ама и студентите на Сорбона, без почитување принципи и вредности нема, без нив ЕУ не е политичка заедница, туку е политичка и бирократска машинерија. Тоа не треба да биде ЕУ и сите сакаме да бидеме во ЕУ зашто е инспиративна или според актите, а и според постапувањето токму во поглед на почтиувањето на овие принципи и вредности, нагласи претседателката.

Во однос на Резолуцијата која ги гарантира македонскиот идентитет и македонскиот јазик, Сиљановска Давкова очекува во Европскиот парламент да биде поддржана.

-Се разбира дека очекувам поддршка, но искрено, не очекував во 21 век во Европскиот парламент да прочитам или да чујам некои амандмани, замислете во 21 век да оспорувате нечиј идентитет. Тоа е непознат феномен, особено што седите во институција која е дел од ЕУ во чии основни, конститутивни документи како Договорот за ЕУ, Лисабонскиот договор, Повелбата за фундаменталните права, се гарантира почитувањето на националниот и културниот идентитет, на човековиот дигнитет и интегритет. Тоа е нешто шокантно. Значи, очекувам Резолуцијата да биде поддржана, зашто во спротивно тоа многу лошо ќе зборува за демократскиот капацитет на Европскиот парламент, нагласи Сиљановска Давкова.

На прашањето за евентуална средба со бугарскиот колега на Самитот на НАТО во Хаг, одговори дека не може точно да каже дали тоа ќе се случи

-Не можам точно да ви кажам, но јасно ви е дека не само овде, во Брисел или во некои главни градови за тоа се разговара. Кога бев и во посета на Казахстан разговарав за овие прашања со многу од присутните таму, потенцира претседателката.

Таа уште еднаш порача за клучните прашања да решаваме со консензус, да не одиме надвор пред да се договориме дома.