Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Сиљановска – Давкова на аудиенција кај папата Лео 14

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, ќе има аудиенција кај папата Лав 14.

По аудиенцијата, претседателката Сиљановска – Давкова ќе има средба со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.

На средбата ќе присуствува и секретарот за односи со држави и меѓународни организации на Светата столица, надбискуп Пол Ричард Галагер.

Реклама

Според програмата, за попладне предвидена е средба и со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, со што завршува неколку дневната посета на претседателката Сиљановска – Давкова на Рим и Ватикан.

За време на престојот, таа присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил по повод чествувањето на 24 Мај, ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и го посети гробот на папата Франциск.

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, заедно со македонската државно-црковна делегација, присуствуваше на концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчески, настан во организација на македонското Министерство за култура.