Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Сиљановска – Давкова: Македонија има шанси за деблокада од Бугарија во преговорите за влез во ЕУ

Постои исчекор во односите меѓу Бугарија и Македонија кој што може да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Постои исчекор во односите меѓу Бугарија и Македонија кој што може да доведе до деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес смета претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Според неа, решението може да се најде во директни средби меѓу политичарите од двете страни на кои би се разговарало и преговарало за се што е на маса.

“Да, гледам деблокада. Процесот не зависи само од нас, зашто ние покажавме невидена и нечуена кооперативност кога е во прашање нашата евроинтеграција. Мислам дека треба да се разговара, да се преговара. По моите сознанија, има исчекор. Јас и во Аушвиц се видов со претседателот на Бугарија. Меѓу нас има пријателски дијалог, разбирање, Очекувам во директните средби да се разговара за можните решенија”вели Сиљановска Давкова.

Силјановска Давкова ја искоментира и објавата на поратлот “ЕУРОАКТИВ” каде што последните пораки од бугарската Влада се дека Македонија нема шанси за нови директни разговори со Бугарија со цел забрзување на евроинтегративниот пат. Според неа, потребна е добра волја помеѓу двете земји но и активни разговори. И тврди дека македоската страна ќе остане отворена за дијалог со официјална Софија.

Реклама

Премиерот Хирстијан Мицкоски денеска кажа дека се уште немал контакт со новата бугарска влада, односно со неговиот колега Росен Жељасков.Но очекува, дека на маргините на безбедносната конференција во Минхен министерот за надворешни работи да оствари средба со неговиот колега од бугарската страна.

Бугарија на 16 јануари со гласање во бугарскиот парламент по подолго време доби нова редовна политичка влада, по што се очекуваше Скопје и Софија повторно да воспостават преговори за олеснување на евроинтеграциите на Македонија. Претходно македонската влада често споменуваше дека основен услов за деблокирање на евроинтеграциите е формирање на редовна влада и надминување на изборната криза во Бугарија.