Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Сиљановска-Давкова: Дијаспората мора да биде рамномерен партнер во нашиот најважен потфат – да станеме стандардна европска држава

Дијаспората мора да биде рамномерен партнер во нашиот најважен потфат – да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дијаспората мора да биде рамномерен партнер во нашиот најважен потфат – да бидеме стандардна европска држава, во која младите ќе остануваат, со која иселениците ќе контактираат и ќе се враќаат, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа во нејзиното обраќање на приемот, што по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, се одржа во Генералниот конзулат во Венеција (Местре), во Италија.

Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска – Давкова, таа пред присутните гости, припадници на македонската дијаспора во Италија, порача дека иселувањето, особено на младите, стана најголема закана за нашата иднина, и побара помош од дијаспората во спречувањето на егзодусот, преку поактивно учество во креирањето политики и носењето одлуки.

-За да го спречиме егзодусот потребна ни е помош и од дијаспората. Потребни ни се вашите идеи, вашето знаење, вашето искуство, и вашето поактивно учество во креирањето на политиките и носењето одлуките кај нас, дома, што е наша, а не ваша обврска. Мојата посветеност кон дијаспората не е само изборна реторика. Нашата Влада подготвува петгодишна Национална стратегија за дијаспората, во чие изготвување мојот Кабинет има сериозна улога и учество преку претставници во работната група. Оваа стратегија треба да ѝ овозможи на дијаспората многу поактивно да се вклучи во јавната расправа и во зајакнувањето на државата. Дополнително, планирам набрзо да го формирам Советот за дијаспора при Кабинетот на претседателот. Се разбира, од вас ќе зависи кој ќе седи таму, вие подобро се познавате меѓу себе. Вашите искуства и согледувања ни се, и мене ми се лично, бесценети, рече претседателката Сиљановска – Давкова.

Реклама

Таа посочи дека ни претстои голема работа, пиодвлекувајќи дека земјите со силни дијаспори просперираат, земјите со слаби дијаспори стагнираат.

-Особено по македонската независност, успехот на нашата заедничка татковина се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им овозможува еднакви шанси за напредок на сите нејзини нејзини граѓани, независно од нивната етничка, верска, или која било друга припадност. Дијаспората мора да биде рамномерен партнер во нашиот најважен потфат – да ја направиме државата стандардна европска држава каде младите ќе остануваат, или ќе доаѓаат, или со која ќе контактираат, и со која вие, иселениците ќе се гордеете и ќе имате причина не само да се навраќате, туку и да се враќате можеби, порача Сиљановска – Давкова.

На сенародната средба претходеше разговор на претседателката со претставници на македонските здруженија и на црковните општини на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Исламската верска заедница, стои во соопштението.