Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Сијарто за Алфа: Темата проширување е најголемиот лажен проблем на Европската унија

Македонските евроинтеграции не се блокирани само поради Бугарија, туку 20 години чекаме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските евроинтеграции не се блокирани само поради Бугарија, туку 20 години чекаме влез во Унијата бидејќи и други земји членки не се „за“ проширување. Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто во интервју за телевизија Алфа вели дека темата проширување е „најголемиот лажен проблем“ на Унијата. Лидерите пред камера уверуваат дека се расположени Западниот Балкан да биде дел од ЕУ, но вистината е сосема поинаква. Реална поддршка според Сијарто, даваат само земјите од централна Европа.

  • „Но кога ќе се најдеме зад затворени врати, очигледно е дека мнозинството од земјите членки не го поддржуваат проширувањето на Унијата. Фактите велат дека ако мнозинството ви даваше поддршка немаше да чекате 20 години. – Така е. А земјите-кандидати од овој регион немаше да чекаат повеќе од 15 и пол години. Европските челници се лицемерни кога станува збор за ова. Играат многу нечисти игри и сметам дека тоа е понижувачко за овие земји од Западен Балкан“ вели во интервју за Алфа, Петер Сијарто – Унгарски министер за надворешни работи и надворешна трговија. . 

ЕУ не се покажа способна да се справи со бројни проблеми, критикува унгарскиот дипломат. Според него, лидерството на Унијата имало шанси но не се докажало, па затоа се потребни промени.

Унгарскиот министер, кој 11 години ја претставува Унгарија во европското семејство, вели дека челниците постојано повторуваат дека проширувањето треба да се заснува на заслуги. Од друга страна, прашува со што Украина заслужила да биде дел од Унијата, а не земјите од регионот.

Реклама
  • „Дали некој во светот со здрав разум, би рекол дека Украина е во подобра состојба од земјите во Западен Балкан? Таман работа. Брисел притиска за нејзино пристапување во ЕУ, знаејќи дека е во полоша состојба, од сите земји кои се во европската чекалница повеќе од 15 и пол години. Како што кажавте се работи за лицемерие и тоа е вистинскиот израз“ вели во интервју за Алфа, Петер Сијарто – Унгарски министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Унгарија вели води соседска политика со земјите од регионот за стабилност, мир и прогрес. Унгарските власти се ставаат на располагање да помогнат во повеќе области.  

Во таа насока е и договорот за стратешка соработка меѓу министерства за надворешни работи и трговија на Македонија и Унгарија кој дава поттик и за нови големи инвестиции. Покрај ова, се потпиша и меморандум за стипендирање на 20 македонски студенти годишно, во периодот од 2026-та до 2028-ма.