Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Сијарто удри по Софија: Одвратно е она што Бугарија и го прави на Македонија, страшно е што го блокираа стартот на преговори

Одвратно е она што Бугарија и го прави на Македонија, порача шефот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одвратно е она што Бугарија и го прави на Македонија, порача шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто од македонското МНР. За него е страшно што официјална Софија го блокирала писмото со кое државава требала да ги започне преговорите.

Не споменувајќи ги уставните измени, јасно кажа дека Македонија неоправдано е жртва на уцените и условувањата од Софија и дека заслужува веднаш да ги започне преговорите.

-Ова е страшно, страшно е што Бугарија го блокираше писмото кое што требаше да се испрати на Македонија пред неколку недели. Македонија е кандидат веќе 18 години и во 18-те години со кандидатски статус и да не може да започне преговорите е одвратно и тоа покажува непочитување кон земјата во ова време, изјави Сијарто.

Реклама

Сијарто удри по Бугарија и околу таксата за гас, вели тоа било недозволив потег од страна официјална Софија, за што Унгарија ќе бара и санкционирање кон бугарските власти

–Тоа е чекор на непријателство, акт на непријателство од страна на Бугарија. И без никакви преговори, тие дојдоа до оваа одлука и оваа одлука можеме да бидеме сигурни дека ќе ја загрози безбедноста за снабдување со електрична енергија на Унгарија, но и Македонија. Унгарија веќе е подготвена да даде соодвете и одмерен одговор во рамки на ЕУ, изјави Сијарто.

Додека Сијарто не ги ни спомена уставните измени, за нив се фати шефот на македонската дипломатија. И покрај европските пораки дека треба многу посериозно да се фатиме за подобрување на условите со корупцијата и во правосудството, за Османи главна пречка кон ЕУ ни биле Бугарите во Устав.

Европскиот напредок на земјите од Западен Балкан, ќе биде една од главните цели на унгарското претседателството со Унијата следната година, кажа Сијарто.

Матеја Петровски