Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Сиљановска-Давкова по средбата со Руте: Најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е неговата итна и целосна интеграција во ЕУ

Верувам дека најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Верувам дека најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан и за трајна отпорност на влијание од трети сили, а тоа му го пренесов и на генералниот секретар, е неговата итна и целосна политичка интеграција во Европската Унија, потенцира претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој е во официјална посета на земјава.

Сиљановска-Давкова, како што посочи, очекува на претстојниот Самит на НАТО во 2026 година во Анкара, особено внимание да биде посветено на безбедносната состојба на Западен Балкан, со оглед на актуелните настани и предизвици. 

-Укажувам дека мора да ставиме крај на вештачките причини и на причините од историски и идентитетски карактер за оневозможување на регионалното членство во ЕУ и да се концентрираме на Копенхашките критериуми. Одговорно тврдам дека најголемата инвестиција и гаранција, не само за нашата безбедност, туку и за безбедноста на Европа во целина е нашето членство и членството на Западен Балкан во Европската Унија – порача Сиљановска-Давкова.

Реклама

Посетата на Руте, според Сиљановка-Давкоа е јасна потврда за важноста на сојузничката солидарност и на заедничката одговорност, особено  што улогата на генералниот секретар е особено важна.

-Јас цврсто верувам дека НАТО не е само воен сојуз, туку дека е и заедница на споделени вредности, на споделена одговорност, но и што е најважно, на заедничка визија за безбедна иднина и ние продолжуваме да бидеме одговорна членка на НАТО сојузот – нагласи Сиљановска-Давкова.

Руте во рамки на денешната посета имаше обраќање во Собранието пред пратениците, како и средба со премиерот Христијан Мицкоски, собранискиот спикер Африм Гаши, верските заедници и дипломатскиот кор во земјата.  Генералниот секретар на НАТО ја посети и касарната „Илинден“ каде што присуствуваше на презентацијата на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) на Армијата и на дел од опремата на оваа единица.