Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Сиљановска-Давкова на Дипломатскиот форум во Анталија: Потребна е превентивна наместо реактивна дипломатија

Повеќе од кога било на светот му се потребни одговорни лидери, рано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од кога било на светот му се потребни одговорни лидери, рано предупредување на ризиците, како и превентивна наместо реактивна дипломатија – истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на „Панелот на лидери“ на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“, што се одржа во рамките на 5. Дипломатски форум во Анталија.

Говорејќи за глобалните неизвесности, таа предупреди на растечката опасност од авторитарни тенденции и ремилитаризација, како и на сериозната криза на политичкото лидерство, соопшти кабинетот на претседателката. 

Според неа, меѓународното право не може да се применува и почитува, без силни и стабилни меѓународни институции. Таа укажа на неодложната потреба од длабока реформа на ОН, но и на Европската Унија, со оглед на фактот што обете беа формирани како неопходни мировни проекти, а се соочуваат со војна.

Реклама

Во врска со Западен Балкан, Сиљановска-Давкова го реафирмира ставот дека евроинтеграциите не се само политичко, туку и безбедносно прашање, а отпорноста на трети страни е возможна само ако сме внатре во ЕУ.  Уште еднаш укажа дека спротивно на основните европски начела и принципи, вградени во конститутивните документи на ЕУ, е членството да се условува со преговори за идентитетски прашања, култура, историја и јазик. 

На панелот учествуваа претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, и премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе. Дискусијата ја модерира Мевлут Чавушоглу, поранешен министер за надворешни работи, пратеник во Големото национално собрание и шеф на турската делегација во ПС на НАТО.

Панелистите ги искажаа своите ставови за клучните глобални предизвици и неизвесности со кои се соочува меѓународната заедница во 2026 година, со фокус на прашањата за геополитичките тензии, економска нестабилност, климатските ризици, технолошките трансформации и безбедносните закани.

Се согласија дека зајакнувањето на мултилатералните институции е неопходно во градењето поефикасен меѓународен систем. Беше истакната важноста на антиципативната дипломатија, активното препознавање и управувањето со новите ризици, како и потребата од современи стратешки рамки што ќе ја поттикнат соработката меѓу државите во справување со заедничките глобални предизвици.