Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Сиљановска-Давкова: Македонија ги претекнува кандидатите за ЕУ, но нерационалниот спор може да ја закочи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека Македонија бележи солиден напредок во процесот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека Македонија бележи солиден напредок во процесот на евроинтеграции и, според одредени параметри, дури се позиционира подобро од повеќето земји-кандидати за членство во Европската Унија.

Таа во телевизиско интервју истакна дека пристапниот процес треба да се темели исклучиво на објективни критериуми и мерливи резултати, а не на услови кои немаат рационална основа.

„Неопходно е да се водиме од политика базирана на докази. Македонија не само што се движи паралелно со водечките кандидати, туку во некои сегменти покажува и подобри резултати“, нагласи претседателката.

Реклама

Таа потенцираше дека домашното законодавство е во значителна мера усогласено со европските стандарди, што претставува силен аргумент во прилог на напредокот на државата кон ЕУ. Сепак, предупреди дека и покрај реформите, процесот може да биде закочен поради политички причини од страна на земјите-членки.