Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон

Помилувањето никогаш не треба да се води од казната што е одредена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Помилувањето никогаш не треба да се води од казната што е одредена и од природата на делото, туку да го мери и да го оценува процесот на ресоцијализација на институцијата. Сите луѓе, па и кога ќе направат големи грешки во животот и ќе се најдат изолирани, имаат право на втора шанса. Впрочем, денес трендот во ресоцијализацијата оди рака под рака со осовременувањето и очовечувањето на условите во затворите – истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во воведното излагање на научно-стручната расправа по предлог-законот за помилување на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

– Нашите затвори сè уште не го исполнуваат овој услов – рече претседателката, која потсети на укажувањата дека можеме да се најдеме на удар на Советот на Европа, дури и за елементи на тортура за постапувањето кон луѓето во затворите.

Добро е што се седна да се изработи нов закон бидејќи, како што рече, актуелниот „не личи на закон, особено ако мора да го читаме низ призма на она што го стори Уставниот суд менувајќи многу одредби“ и оти членовите на Комисијата не може да имаат истражни надлежности и да бараат информации од судовите или агенциите и оти во нејзиниот состав не траба да бидат судии, адвокати…

Реклама

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

Претседателката отвори неколку прашања поврзани со законот пред експертите од оваа област. Законските решенија, според неа, треба да се креираат имајќи предвид разни профили на претседатели, а меѓу прашањата што ги отвори се сведувањето на минимум на дискрециското право на одлучување, одредба за Комисијата за политички систем, досегашната и идната улога на Министерството за правда… 

– Бидејќи во ова постапување има секогаш простор за дискреционо однесување, прашањето е како да се сведе на минимум или дури како да се анулира дискрецијата оти во демократски систем не треба да има простор за вакво постапување. И јас затоа одговорно овде тврдам дека секогаш работата сум ѝ ја оставала на Комисијата. Како што ќе одлучи Комисијата, така се однесувам и јас – рече Сиљановска-Давкова додавајќи дека можеби тоа треба да се внесе во законот.

Во дебатата таа го отвори и прашањето за тоа дали можеби не треба да се направи и закон за претседател. 

– Еден ден треба да собереме сила и да донесеме закон за претседател оти имаме закон за правата на претседателите што не се претседатели, а немаме закон за претседател – рече Сиљановска-Давкова.

Зборувајќи за делата доживотен затвор и дилемата дали некои од лицата осудени на ваква казна можеби крајот на животот треба да го дочекаат поинаку, со исклучок на случаи за тероризам и против човештвото, таа, меѓу другото, рече дека ние треба да ги следиме мислењата на Венециската комисија, која им препорачува на државите од поранешна Југославија „да го тргнат автентичното толкување, да го лоцираат онаму каде што му е местото – во Уставниот суд и да го тргнат од парламентот“.

– Ние сме држава со најмногу автентични толкувања. Образложението од Венециската комисија е дека не може еден сегашен состав да толкува што мислел друг во деведесеттите години и дека е лесно преку автентично толкување да дадете сосема поинаква интерпретација на некоја законска одредба. Дури има забелешка и за општите мислења на Врховниот суд, исто така врз поделбата на власта – рече Сиљановска-Давкова.