Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска ќе одржа предавање на Правниот факултет во Загреб. 

За време на посетата, Сиљановска-Давкова ќе оствари средба со деканот проф. д-р Иван Коприќ. Предавањето, кое ќе се одржи на хрватски јазик, ќе овозможи интеракција со студентите преку поставување прашања, а модератор ќе биде продеканката за наука проф. д-р Елизабета Ивичевиќ Карас.

Претседателката вчера во Загреб беше пречекана со највисоки државни и воени почести од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по што оствари средба и со премиерот Андреј Пленковиќ.

Реклама

Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова положи венци на Споменикот на татковината и на спомен-бистата на Блаже Конески во паркот Бундек.

-Ми беше чест, во паркот Бундек во Загреб, да положам венец на спомен-бистата на истакнатиот македонски филолог, поет, прозаист, преведувач и прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, Блаже Конески, истакна претседателката.

Паркот Бундек, како што посочи Сиљановска-Давкова, кој е сместен покрај брегот на Сава, не е само омилено рекреативно место на загрепчани, туку и дом на Алејата на писателите, каде нашиот Конески го зазема своето заслужено место меѓу светските книжевни умови.

-Тоа е уште еден доказ за неговата безвременска и универзална вредност, нагласи македонската претседателка.

Сиљановска-Давкова официјалниот престој во Хрватска го почна со посета на  македонската православна црква „Свети Злата Мегленска“ во Загреб, каде оствари средба со претставници на македонската заедница во Хрватска.