Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, позитивен е обидот за ограничување на ветото во ЕУ

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека иницијативите за ограничување на можноста за користење вето во процесот на проширување на Европската Унија претставуваат позитивен исчекор, но нагласи дека е прерано за конечни оценки додека не бидат објавени официјалните документи. Таа смета дека пречките со кои се соочува Македонија на евроинтегративниот пат се „ирационални“ и повика […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека иницијативите за ограничување на можноста за користење вето во процесот на проширување на Европската Унија претставуваат позитивен исчекор, но нагласи дека е прерано за конечни оценки додека не бидат објавени официјалните документи. Таа смета дека пречките со кои се соочува Македонија на евроинтегративниот пат се „ирационални“ и повика фокусот да биде ставен на исполнување на копенхашките критериуми.

Одговарајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на адвокатурата во Адвокатската комора на Македонија, Сиљановска-Давкова рече дека како позитивен го гледа обидот за релативизирање на правото на вето во процесот на проширување.

– За мене што е добро, што за првпат се релативизира или има обид за релативизација на ветото. Многу пати сум рекла дека мене не ми е сосема јасно дека ветото е право на сите членки на Европската Унија, меѓутоа и чекорот од состојбата во којашто сме – кога 26 држави можат да речат дека е акцискиот план сосема во ред, дека има високи стандарди, има заштита на слободи и права, вклучувајќи ги и малцинските, и тоа го потврдуваат државите – и сега една вели „не“ – рече Сиљановска-Давкова.

Реклама

Европската Унија, вели, треба да најде механизми што ќе спречат блокирање на проширувањето поради, како што рече, идентитетски и историски причини, наместо поради исполнување или неисполнување на европските критериуми.

Во однос на напредокот на земјите кандидати, пак,  претседателката посочи дека Западен Балкан е значително понапред во процесот од некои други кандидати.

– Имам длабоки чувства и разбирање за Украина, исто така и за Молдавија, меѓутоа не можам, а да не кажам дека Западен Балкан е многу понапред од нив. Скринингот тоа го покажува… Пречката кон нас е ирационална според мене – рече Сиљановска-Давкова.

Говорејќи за македонско-бугарските односи и изјавите на поранешниот член на Заедничката историска комисија Огнен Вангелов, таа рече дека неговите оценки за улогата на протоколите во процесот се основани и произлегуваат од непосредното искуство во работата на Комисијата.

– Мислам дека она што го кажа професорот Вангелов е точно. Не само низ призма на правна анализа на Договорот, туку и низ призма на неговото конкретно искуство во работата на Комисијата – вели Сиљановска-Давкова.

Според неа, потребни се дополнителни гаранции во процесот, имајќи предвид дека прашањата поврзани со протоколите редовно се отвораат во билатералните разговори.

Во врска со експлозијата на возило на бугарската амбасада, претседателката ја осуди постапката, но повика да не се носат предвремени заклучоци пред завршување на постапката.

– За мене напад на возило е вандалски чин, но велам дека не можам однапред да пресудам. Судот ќе каже што се случило. Не би требало да ги наруши односите, а зошто? Бидејќи ми се чини дека побрза акција и реакција немало. Да почекаме што ќе каже судот – посочи Сиљановска-Давкова.

Осврнувајќи се на критиките од опозициската СДСМ во врска со нејзините ставови за уставните измени, претседателката рече дека не поддржува ничии барања, туку ги застапува сопствените ставови и смета дека земјата не треба да губи време на идентитетски прашања.

– Не треба да губиме време, не треба да ни го земаат времето на идентитетски проблеми, туку треба да нè остават да се фокусираме на копенхашките критериуми – подвлече Сиљановска-Давкова.