Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Сиљановска-Давкова: Законот за помилување е нефункционален, а измените на Кривичниот закон треба да се усвојат час поскоро

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова предупреди дека актуелниот Закон за помилување е нефункционален и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова предупреди дека актуелниот Закон за помилување е нефункционален и треба да се реформира, а истовремено ги охрабри измените на Кривичниот закон, нагласувајќи дека тие се клучни за борбата против корупцијата и криминалот.

-Законот за помилување, како што изгледа сега, поради многу укинати одредби, веќе не личи на логичен законски текст. Секаде во светот постои можност за помилување – самиот збор покажува дека понекогаш човек треба да се апстрахира од казната и да го вреднува процесот на престој во затворите, да го стимулира излегувањето од тој свет и можноста за поинакво однесување. Треба да има можност за помилување кое ќе опфаќа подолг временски период, а Комисијата за помилување да има обврска да доаѓа во затворите и да разговара со луѓето кои поднеле барања. Исто така, да може за определени датуми да се посетуваат затворите, изјави Сиљановска-Давкова при денешната посета на КПУ Идризово.

Таа додаде дека е неопходно да се создаде систем кој ќе дава надеж на затворениците и ќе го стимулира нивниот ангажман за ресоцијализација.

Реклама

-Мора да им дадеме надеж на овие луѓе дека нивната решеност, нивниот ангажман да станат подобри луѓе, треба да се вреднува и да се награди, рече таа.

Во однос на измените на Кривичниот закон и поострите казни за злоупотреба на службена положба, претседателката порача рече дека ги охрабрува реформите.

-Ги охрабрувам реформите, бидејќи тоа е многу важна измена во рамките на судските реформи и мислам дека треба да се усвојат час поскоро. Исто така, укажувам и на опасноста – или реалното предупредување од Уставниот суд, дека ако ова не се случи до крајот на месецот, тие може да посегнат по други мерки, рече таа.

Дополни дека ги охрабрува не само измените на Кривичниот закон, туку и сите закони што се однесуваат на правосудството.

-Ги охрабрувам не само измените на Кривичниот закон, туку и сите закони што се однесуваат на правосудството да се донесат, бидејќи можеби првпат имаме случај еден пакет закони да се најде пред Венецијанската комисија и да го помине строгиот филтер. Во оваа сфера не се работи за хармонизација, бидејќи нема европско право, но таа е клучна за борбата против најголемото зло – корупцијата и криминалот, рече претседателката Сиљановска – Давкова.