Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Сиљановска-Давкова во Дубаи на средба со швајцарскиот претседател Пармелан, реафирмирано високото ниво на партнерство меѓу двете држави

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан, на која, како што информираат од нејзиниот кабинет, било реафирмирано високото ниво на партнерство меѓу двете држави, што се основа на пријателство, заемна доверба и почит. 

Претседателката Сиљановска-Давкова, изразила уверување за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог на највисоко ниво и упатила покана за официјална посета на претседателот Пармелан. Таа, исто така, се заблагодарила и за проектната помош во различни области, со што Швајцарија е меѓу најголемите билатерални донатори во нашата држава.

– Посочи на важноста на поддршката што Швајцарија ја дава за стратешките определби на нашата држава, што според неа ја демонстрира швајцарската посветеност за стабилност, развој и европска иднина на нашиот регион. Соговорниците го споделија мислењето за важноста на бројната македонска заедница во Швајцарија како важна нишка во развојот на односите меѓу двете држави, се додава во соопштението.

Реклама

Претседателката повикала на натамошно интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена, вклучително и зголемување на швајцарските директни инвестиции.

– Сиљановска-Давкова изрази сочувство за трагедијата во ноќниот клуб во Кран Монтана на новогодишната ноќ и загубата на човечки животи, како ужасен потсетник на трагедијата во Кочани, што остави трајни рани во македонското општество, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.

Двајцата претседатели размениле мислења и за актуелните случувања на глобален план.