Реклама

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Македонија

Сиљановска-Давкова: Визијата на Борис Трајковски останува наша обврска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска им оддаде почит на поранешниот претседател Борис Трајковски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска им оддаде почит на поранешниот претседател Борис Трајковски и на членовите на македонската делегација, кои загинаа во авионската несреќа во Босна и Херцеговина пред 22 години.

– Дваесет и две години по трагедијата, со длабока тага повторно им оддадовме почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на македонската делегација, чии животи згаснаа во авионската несреќа во Босна и Херцеговина. Претседателот Трајковски ќе остане запаметен како државник, лидер и добар човек, чиј живот и политика се темелеа на принципи и вредности. Беше заколнат миротворец, борец за човекови права, длабоко веруваше во македонската европска иднина и во демократијата. Неговата визија останува наша обврска, напиша претседателката Сиљановска-Давкова на „Фејсбук“.

Во знак на сеќавање и благодарност претседателката се поклони пред вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Реклама

Делегации им оддадоа почит и на Анита Кришан-Лозановска на гробиштата во Велес, на Борис Велинов на гробиштата во населбата Илинден и на Аце Божиновски на гробиштата во Бардовци.