Реклама

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Македонија

Сиљановска-Давкова утре ќе биде домаќин на нејзиниот албански колега Бегај

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе биде домаќин на претседателот на Република Албанија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе биде домаќин на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој ќе престојува во официјална посета на земјава, соопштија од Кабинетот на македонската претседателка.

Албанскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и албанската делегација.

Во рамки на официјалната посета, претседателот на Република Албанија ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Реклама

Албанскиот претседател Бегај денеска ќе има средба со градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Од Општина Чаир соопштија дека градоначалникот Меџити, во духот на унапредување на институционалната соработка и консолидирање на одличните билатерални односи, денеска со свечен прием во Општината ќе го пречека албанскиот претседател Бегај, кој ќе престојува во официјална посета на нашата држава. 

По средбата, заедно со придружната делегација, ќе се упатат кон џамијата Мустафа Паша, а ќе ја посетат и Старата чаршија, каде што ќе положат цвеќе на споменикот на националниот херој Ѓeрѓ Кастриот – Скендербег, проследено со изведба на националната химна и културно-уметничка програма од Државниот ансамбл.