Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во пресрет на 21 март – Светскиот ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во пресрет на 21 март – Светскиот ден на лицата со Даунов синдром прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје.

Сиљановска Давкова го поздравила холистичкиот пристап во работата на здружението во функција на континуирано унапредување на животот на децата, младите и возрасните лица со Даунов синдром.

Во соопштението од претседателскиот Кабинет се наведува дека во поддршката на родителите и згрижувачките семејства, за претседателката е важно институциите да им овозможат на лицата со Даунов синдром, адекватено развивање на животните вештини и способности и активно учество во сите сегменти на општествениот живот, како рамноправни граѓани. 

Реклама

Сиљановска-Давкова укажала на потребата од подигнувањето на јавната свест, како и отворање повеќе дневни центри.

-Нема полековита доза среќа од разбирањето, прифаќањето и љубовта кон овие лица – посочила таа.

Претседателката на здружението, Сузана Стојановска информирала дека нивниот центар е отворен не само за деца со Даунов синдром, туку и за деца со друга попреченост како оштетен говор, слух и вид.

Таа нагласила дека сè уште присутната дискриминација кон нив е голем општествен проблем и предизвик.

-Недостигот на стручен кадар, како психолози, малиот број волонтери, недоволната грижа за просторот во којшто е сместен Центарот и крајно лимитираните можности за вработување на полнолетните лица со Даунов синдром, се сериозни прашања коишто бараат одговор и акција од надлежните институции, истакнала Стојановска.

Во соопштението се додава дека особена убавина на настанот му дал детскиот музички настап на знаковен јазик, со помош на Соња Кимова, нивен знаковен предавач.

-Дека талентот не познава бариери, стана јасно по музичката точка на хармоника, изведена од Денис Димитров, во придружба на младите гости од Дневниот центар „Доза Среќа“ Скопје. Во знак на благодарност, претседателката од нив доби рачно изработен подарок, се вели во соопштението.