Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Сиљановска-Давкова по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик: Да продолжиме да бидеме пример за заедништво во различноста и да се гордееме со нашата заедничка татковина

Образованието на мајчин јазик е важно човеково право, суштинско за зачувување и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Образованието на мајчин јазик е важно човеково право, суштинско за зачувување и за градење на националниот и културниот идентитет, но и за персоналниот развој и успех, се вели во честитката од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.

– Почитувани припадници на турската заедница, почитувани наставници. Имам особена чест, во име на сите граѓани и во лично име, најсрдечно да ви го честитам 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик. На македонската држава, јазичниот императив ѝ беше јасен уште пред 81 година, кога ја воспостави наставата на турски јазик во тукушто ослободеното Скопје. Од тогаш до денес, континуирано и ревносно се негува турскиот збор, збогатувајќи го македонскиот мултикултурен идентитет, стои во честитката од Претседателката.

По повод важниот ден за сите нас, а особено за Турците, им изразувам голема благодарност на сите наставници и образовни работници коишто со својот труд, љубов, професионализам и посветеност, го шират знаењето на турски јазик и активно учествуваат во воспитувањето на мудри, благородни и хумани млади луѓе.

Реклама

-Посакувам да продолжиме да бидеме пример за заедништво во различноста и да се гордееме со нашата заедничка татковина! Честит нека ни е 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик. 21 Aralık Türkçe Eğitim Bayramınız kutlu olsun, стои во честитката од Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.