Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Сиљановска-Давкова од Криволак: Она што го прави НАТО со стандардите да го прави ЕУ со Копенхашките критериуми, тие треба да важат за сите

Она што го прави НАТО со стандардите, да го прави Европската Унија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Она што го прави НАТО со стандардите, да го прави Европската Унија со Копенхашките критериуми – порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од армискиот полигон Криволак во изјава за медиумите. Таа беше дел од Денот на високи гости на вежбата „Блесок 26“. 

Освен Сиљановска-Давкова како врховен командант на Вооружените сили, пред присутните се обратија и министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и претставник од Командата на здружените сили на НАТО во Неапол. 

– Самиот назив на оваа вежба многу говори – „Блесок 26“. Од она што го видовме, се покажа дека не случајно оваа вежба се нарекува вака.
Докажавме уште еднаш и со презентацијата, ама и со највисоките оценки за лесната пешадиска единица, дека во НАТО постојат високи стандарди за стручност, за компетентност, за подготвеност и за посветеност. Нашиот лесен пешадиски тим целосно ги исполни. Но, тој не постои сам за себе.
Веќе напоменав во мојот говор дека успешната проверка покажува дека водството на армијата, Министерството за одбрана, носителите на највисоките армиски функции, но најмногу војниците се најзаслужни за нашата целосна компатибилност со армиите во рамките на НАТО – истакна таа.

Реклама

Таа се осврна и на процесот во врска со оценувањето на компатибилноста на Армијата.

– Денеска сме сведоци, не само ние, туку и нашите гости, дека кога ве оценуваат според конкретни високи стандарди, не може да има импровизациии и вие или ќе ги поминете или не. Мојата порака е она што го прави НАТО со стандардите, да го прави Европската Унија со Копенхашките критериуми.
Ако нас нè оценуваат според исполнувањето на Копенхашките критериуми, мислам дека поинакви оценки ќе добиеме. Врочем, ако не се почитуваат високите стандарди, ако се внесуваат двојни стандарди и ако оценувањето не е според исполнувањето на стандардите, туку според барањата и потребите на соседите, имаме сериозен проблем со почитувањето – нагласи таа. 

Според неа, стандардите треба да важат во сите можни институции, вклучувајќи ја и Европската Унија.

– Европски стандарди, високо профилирани армии. Европски стандарди во ЕУ, почитувани Копенхашки критериуми и, се разбира, рамноправни народи и држави во чекорењето напред. Впрочем, ние треба да се усогласиме, да бидеме стандардни во владењето на правото, во поделбата на власта, во човековите слободи и права, значи во сите неопходни претпоставки за европско функционирање на институциите. Е, сега, клучните документи на ЕУ бараат почитување на националните и културните идентитети, почитување на дигнитетот и интегритетот. Повторувам, молам компатибилност за стандардите. Впрочем, не случајно во рамките на НАТО ние сме високо профилирани, иако сме мала држава. Посакувам, доколку сме подведени под стандарди што важат за сите, да ја докажеме исто така нашата компатибилност и со европските политички системи и со стандардите на Европската Унија – порача претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

На новинарско прашање дали по промената на власта во Бугарија и победата на Румен Радев на неодамнешните избори воспоставила некакви контакти со него, очекува ли некаква промена, бидејќи станува збор за поранешниот претседателел со кој таа имаше неколку средби, Сиљановска-Давкова потврди дека му се јавила и изразила спремност за разговори.

– Се разбира, јас никогаш не можам да одговарам наместо господинот Радев. Да, добро го познавам како претседател, убедена сум дека ќе биде успешен премиер како што беше председател. Се разбира дека му се јавив веднаш, и со порака и усно поразговаравме, изразивме спремност за разговори. Јас мислам дека само тој би можел автентично да ви одговори што можеме да направиме понатаму или, пак, со премиерот. Но мислам дека самото тоа што веќе имаме една стабилна влада зад која стои огромното мнозинство граѓани, покажува дека има шанса навистина да разговарате со некој што е легитимен претставник на граѓаните. Инаку, со нестабилните влади, се разбира, многу потешко беше тоа да се стори – посочи претседателката Сиљановска-Давкова.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: