Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Сиљановска Давкова: Можни се излезни решенија за ЕУ, но историјата, културата и јазикот мора да се тргнат од критериумите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека е можна промена на заклучоците на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека е можна промена на заклучоците на ЕУ за земјава, како и излезно решение за проблемот со Бугарија, но оти одлуката за тоа не ја носиме ние.

– Од наша призма можно е да се смени заклучокот, но не ја носиме ние одлуката. Точно е дека ние сме разговарале за излезни решенија. Можеби некој не го гледа тоа, но јас мислам дека има промена во реториката на највисоките претставници на ЕУ во поглед на ова прашање бидејќи не се работи само за еден преседан, туку за приказна што ќе се повторува доколку во стартот не се најде решение. Затоа јас предлагав некои излезни решенија, изјави Сиљановска Давкова, одговорајќи на новинарско прашање дали е можна промена на заклучоците на ЕУ како што бара македонската страна и дали гледа желба во Софија за репреговарање на позициите.

За барањата од Бугарија за промена на Уставот како услов за деблокада на евроинтеграцијата, претседателката рече дека повеќепати има кажано оти доколу правата на бугарското малцинство кај нас навистина беа во прашање и нарушени, таа прва би поддржала мерка што ќе ги подобри, но, како што нагласи, одговорно тврди дека низ уставно-правна призма ние имаме една од најдобрите уставни гаранции за правата на малцинствата. 

Реклама

– Честопати слушаме француски предлог. Не знам колку е добро да кажам, ама не одговара придавката бидејќи Франција е држава којашто ја нема потпишано ниту ратификувано Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата. И сега да го користите предлогот за гарантирање на малцински права како француски не е во ред. Далеку од тоа дека јас ја обвинувам Франција или ЕУ, бидејќи во креирањето на заклучоците и решенијата се разбира дека учествувале и нашите претставници, нашиот дел од историската комисија.

Таа, сепак, смета дека може да се најдат излезни решенија.

– Веќе споменав дека тешко може да се менува трет протокол со втор протокол, но за почеток на преговорите на меѓувладина конференција се донесува и изјава за отворање на преговорите. Има можност со интерпретација. Мислам дека мора да ги тргнеме историјата, културата и јазикот од критериумите. Да, малцинските права се дел од Копенхагенските критериуми, но ние во поглед на малцинските права имаме многу високи стандарди вградени и во Уставот, член 48 амандман 8, Рамковен договор…, рече Сиљановска Давкова.

Но, како што нагласи, тоа не важи и за нашиот источен сосед.

– Обично го барате од другиот она што вие го гарантирате. Ако вие не гарантирате имплементација на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, а се повикувате на заштита на човековите права, тогаш имате проблем, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова по отворањето Меѓународниот форум насловен „Глокализација 2.0: Одржлива родово-одговорна иднина“, организиран од Регионалната мрежа за родово одговорно буџетирање (GBWN).