Реклама

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Македонија

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вечерва, во 19 часот, ќе се обрати на отворањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вечерва, во 19 часот, ќе се обрати на отворањето на меѓународната конференција со наслов „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“.

Конференцијата е во организација на Паневропската унија на Македонија во соработка со Паневропската унија на Австрија, Фондацијата „Ото фон Хабсбург“ и Институтот на регионите на Европа од Салцбург.

На свеченото отворање ќе се обратат претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, претседателот на Меѓународната паневропска унија, Паво Баришиќ, австрискиот амбасадор, Мартин Памер, претседателот на Паневропската унија на Австрија, Рајнхард Клоучек, Штефан Хабек од Институтот на регионите на Европа и Амер Капетановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка.