Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Перу Кармен Оливарес

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу со седиште во Букурешт,  Глорија дел Кармен Оливарес.

Како што соопшти Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова истакна дека двете држави веќе 20 години градат пријателски односи, засновани на меѓусебно разбирање и заемна почит.

– Време е за збогатување на соработката со нови форми и содржини. Во ера на глобализација, вештачка интелигенција и дигитализација, географската оддалеченост се релативизира, рече таа.

Реклама

Според претседателката, постојат големи можности за унапредување на соработката, особено во сферата на економијата, културата, туризмот, образованието и науката.

Со оглед на тешките времиња во коишто живееме, претседателката, во јакнењето на мултилатерализмот, како функционален механизам на договарање, гледа решение за бројните и комплексни проблеми во рамките на Обединетите нации, чија улога е минимизирана до непрепознавање, се наведува во соопштението. 

Амбасадорката дел Кармен Оливарес оцени дека двете земји, иако се географски оддалечени, споделуваат фундаментални вредности како што се демократијата, одбраната на човековите права и почитувањето на владеењето на правото, како и заеднички цели како што се мирот, развојот на нашите народи, стабилноста и институционалното зајакнување.  

Таа изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат нејзина водечка задача ќе биде натамошен развој на билатералните односи. Нагласи дека двете земји треба да работат заедно, во духот на меѓусебното почитување и да вложат максимални напори за да го остварат својот целосен потенцијал за раст. 

Претседателката ѝ посака на амбасадорката успех во извршувањето на значајната и одговорна функција.