Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Сиљановска-Давкова ги демантира сите обиди да се искривуваат и релативизираат нејзините изјави за протоколите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека нема простор инцидентот пред бугарската амбасада во Скопје да ги наруши односите помеѓу двете земји, а нападот на возилата го оцени како вандалски чин.  Претседателката ги демантираше тврдењата на опозицијата и релативизирањето на нејзините изјави од страна на СДСМ. Вели дека не поддржува ничии барања, туку ги застапува сопствените […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека нема простор инцидентот пред бугарската амбасада во Скопје да ги наруши односите помеѓу двете земји, а нападот на возилата го оцени како вандалски чин. 

  • „За мене напад на возила е вандалски чин, но не можам однапред да пресудам, судот ќе каже што се случило, но не верувам. Не би требало да ги наруши односите. Зошто? Не би требало да ги наруши односите, зошто, затоа што побрза акција и реакција немало. Колку што знам јас сторителот односно потпалувачот е веќе приведен, па ќе видиме што ќе каже судот“ вели претседателката.

Претседателката ги демантираше тврдењата на опозицијата и релативизирањето на нејзините изјави од страна на СДСМ. Вели дека не поддржува ничии барања, туку ги застапува сопствените ставови и смета дека Македонија не треба да губи време на идентитетски прашања.

  • „Не треба да губиме време, не треба да ни го земаат времето на идентитетски проблеми, туку треба да нè остават да се фокусираме на копенхашките критериуми“ – подвлече Сиљановска-Давкова.

Сиљановска Давкова е на ист став со поранешниот член на историска комисија Огнен Вангелов, дека недовосмислено се потребни и дополнителни гаранции во процесот, имајќи предвид дека прашањата поврзани со протоколите редовно се отвораат во билатералните разговори.

Реклама

Позитивно гледа на иницијативите за ограничување на можноста за користење вето во процесот на проширување на Европската Унија. Претседателката вели, треба да најдат механизми што ќе спречат блокирање на проширувањето поради идентитетски и историски причини.

  • „За мене што е добро, што за првпат се релативизира или има обид за релативизација на ветото. Многу пати сум рекла дека мене не ми е сосема јасно дека ветото е право на сите членки на Европската Унија, меѓутоа и чекорот од состојбата во којашто сме – кога 26 држави можат да речат дека е акцискиот план сосема во ред, дека има високи стандарди, има заштита на слободи и права, вклучувајќи ги и малцинските, и тоа го потврдуваат државите – и сега една вели „не““ – рече Сиљановска-Давкова.

По зеленото светло за отпочнување на преговорите со Украина и Молдавија, Сиљановска Давкова, вели дека има разбирање, но Скринигот покажува дека Западниот Балкан е далеку понапред во спроведувањето на реформите за разлика од нив.