Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Сиљановска-Давкова: Барањата на соседите отстапуваат од Копенхагенските критериуми и не се во духот на конститутивните акти на ЕУ

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. 

Сиљановска-Давкова укажа на кризата на демократијата во светот и Европа, како и на демократскиот дефицит на ЕУ, на сериозните безбедносни закани, како и на неодржливоста на исклученоста на државите од т.н. Западен Балкан од членството на ЕУ.

Според неа, барањата на соседите со кои се соочуваме со децении отстапуваат од Копенхагенските критиериуми и не се во духот на конститутивните акти на ЕУ.

Реклама

Таа потсети на десeттината „да“ од страна на Европскиот парламент и Европската комисија и уште толку „не“ од Европскиот совет заради вето од некои соседи.

Осврнувајќи се на компаративните историски искуства на проширувањето на Европската Унија, Сиљановска-Давкова укажа на примерите на вклучување во членство на кандидатки кои не исполнувале некои од критериумите за членство во ЕУ, како доказ за двојни стандарди и нарушен кредибилитет. За неа, Западниот Балкан не е товар за апсорпцискиот капацитет на ЕУ и неговиот прием ќе означи крај на вештачката поделба на Запад и Исток, ќе стави крај на балканизацијата и ќе обезбеди поголема безбедност на ЕУ, но и на Европа.

Исто така, според претседателката, иако во моментов е тешко да се зборува за реформи на Европската Унија, тие се неопходни.

Сиљановска-Давкова очекува ЕУ итно да го преиспита својот однос и политика кон Западниот Балкан, со оглед на, како што рече, растечките безбедносни закани и дилеми во воен и несигурен меѓународен амбиент, нарушена, драматичната промена на меѓународниот поредок, минимизиран мултилатерализам и сериозната криза на лидерство.

За неа, војните се плодна почва за авторитаризам, републикански монархизам, од типот на бонапартизам, но и опасност од нови мигрантски бранови.

Сепак, Сиљановска-Давкова, сè уште верува во шансите за преговори за враќање на мирот, безбедноста и демократијата.

Младите лидери најпрво се заблагодарија на приемот и искажаа благодарност за можноста да разменат ставови за демократијата, безбедноста и европската иднина на Западен Балкан, како тема на панелот. Во панел-дискусијата, европските демократски студенти се вклучија со низа прашања и коментари. „Како прва жена претседателка, како би нè советувала, нас, критички настроените млади да влијаеме врз зголемувањето на бројот и учеството на жените во креирањето на политики на сите нивоа? Кои се македонските приоритети во безбедносната политика и како ќе ги остварите? Колку е тешко да се промовира и одржи граѓанското единство во мултиетничко општество, како македонското?“, беа само некои од прашањата.