Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Шукова верува дека ќе влезе во вториот круг на изборите за Скопје

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ која е и единствената жена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ која е и единствената жена кандидат за главниот град, Каја Шукова вели дека ќе има втор круг на изборите и дека ќе влезе во вториот круг. 

– Секако ќе има втор круг, тоа е проста математика. Ја секако ќе влезам во вториот круг, рече Шукова во првото телевизиско соочување со нејзиниот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, кој пак верува дека ќе победи уште во првиот круг.   

Шукова, како што изјави, влегла во трката за градоначалник затоа што има сериозна кариера во областите што му се потребни на Скопје како делот за животната средина, комуналните дејности.

Реклама

-Цел живот сум во животната средина и тоа не само на прашањата на животната средина и не само во креирањето на законите, туку и во имплементацијата на проектите. Го следев процесот на децентрализација сите овие години, знам кои се проблемите на локалните самоуправи и токму поради тоа и се одважив да се пријавам за оваа трка, рече Шукова.

Одговарајќи на прашање од нејзиниот противкандидат дали ќе се повлече политички доколку нема втор круг на изборите, Шукова рече дека не размислува за такво нешто затоа што како потпретседател на СДСМ останува да и помогне на партијата во нејзината консолидација. 

Шукова, исто така, посочи дека е во добри односи со поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, но дека немал потреба јавно да се вклучува. 

-Апсолутно ми помогна во сето она што беше како визија за Скопје, каде застанал он, и каде треба да продолжиме за сите проекти, посочи Шукова.