Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Што се Заев би му дал на ДУИ само за да остане на власт?

Ќе го даде ли Заев директорското место на финансиската полиција на кадар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе го даде ли Заев директорското место на финансиската полиција на кадар од ДПА, само за пратеник плус?

Се погласни се шпекулациите дека партијата на Тачи како услов за коалицирање со СДСМ барала раководно место во институцијата со која досега директоруваше човек на СДСМ.  Според информациите во јавноста , на Тачи оваа институција наводно ќе му служела за истражување на трансферите на пари од Иран и Катар.

Ваквите гласини не ги потврдија политичките партии, но ниту пак ги демантираа.

Реклама

Нема да биде прв пат Заев да дели директорски места, функции во владата или да исполнува барања и уцени од останатите политички актери само за да добие премиерско место.

ДУИ овие избори бараа албанец премиер, иако нивните ставови омекнаа откако завршија изборите, сепак темата се уште не е замрена. Дали се точни информациите дека Заев договорил ротирачко премиерско место, тој на новинарско прашање не кажа прецизно.

Минатите парламентарни избори пак , тивок услов на ДУИ за мнозинство беше исполнување на Тиранската платформа, односно двојазичност во целата држава.

Откако ја формираше Владата, Заев ветуваше дека нема да го исполни тоа што интегративници од него го бараа.

Кој бе тоа ќе спроведе во Радовиш, во Струмица, во Прилеп во Кавадарци двојазичност. Глупости невидени до каде забегаа. Зборува дали лекарот ќе направил проблем па живот ќе се загубел, ова е невидено, изјави тогаш Заев.

Подоцна речиси сите точки од платформата беа исполнети, па дури и Бујар Османи се стави во улога на инспектор и проверуваше дали таблите на иниституциите во Македонија испишани и на албански јазик.

Mери Ѓорѓиевска